Интер дојде до предност уште во воведните минути на мечот против Наполи на „Сан Паоло“, а мајсторски погодок постигна Кристијан Ериксен.

Данскиот фудбалер донесе предност за „нераѕурите“ уште во втората мунута. Ериксен изведе корнер, топката не ја зафати никој, а откако удри во земјата, заврши во мрежата на Оспина и тоа низ нозете на голманот. Евидентно е дека паузата влијаела многу на тимот на Наполи, судејќи по лошата реакција на одбраната при центаршутот.

Но, Мертенс во 41. минута израмни за конечни 1-1, доволно за место на наполитанците во финалето. Елмас стартуваше на натпреварот одигрувајќи 65. минута, кога беше заменет од Фабијан Руиз.

Финалето меѓу Наполи и Јувентус е закажано на 17. јуни.