Паоло Малдини играше цели 26-години за Милан и се претвори во една од најголемите легенди во историјата на клубот. 

Дефанзивецот изигра 902 меча на клупско ниво и 126 меча за националниот тим на Италија и освои 26 трофеи за 25 сезони. 

Малдини е еден од 18-те фудбалери, кои запишале над 1000 меча во својата кариера. Тој 5 пати ја освои Лигата на шампионите, 7 пати титулата од Серија А, еден пат Купот на Италија, 5 пати Суперкупот на Италија, 5 пати Суперкупот на Европа. Дефанзивецот е и Светски шампион со Италија. 

Малдини го формираше страотното партнерство со Франко Барези на стартот на својата кариера. Двајцата изиграа вкупно 196 меча, во кои “росоњерите” примија 23 гола. 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ ПРЕДСТАВИ НА МАЛДИНИ: