Голманот на костариканскиот тим Ескакусенја, Минор Алварес стана херој на својот тим, постигнувајќи убав гол од слободен удар.

Алварес и помогна на Ескасуенја да го елиминира Консултантс Десампарадес во полуфиналето во плејофот за влез во елитата. Двата второлигашки тим ремизираа 1:1 во реваншот и се требаше да се реши по изведување на пенали, бидејќи и првата средба заврши 1:1.

Во реваншот домакините губеа со 0:1, кога во 85-ата минута добија слободен удар и зад топката застана голманот-голгетер Алварес. Следеше прекрасен гол за конечни 1:1.

По пеналите Алварес и колегите славеа, а интересно е што и во првиот меч повторно голманот на Ескакусенја беше автор на голот за својот тим, но со удар од белата точка.