Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус го поведе својот тим содва гола и две асистенции до победата со 4:2 над Лестер Сити во меч од второто коло во англиската фудбалска елита. Тоа беа и првите голови за Бразилецот во дресот на „топчиите“ во Премиерлигата, а другите два гола на средбата беа дело на Гранит Џака и Габриел Мартинели.

Вилијам Салиба си постигна автогол за прв гол на „лисиците“ за 1:2, а Џејмс Мадисон беше пррцизен за 2:3, но во ниту еден момент не остана сомнеж за доминацијата на Арсенал над денешниот противник.

Со овој резултат Арсенал стигна до шест бодови од првите две средби и е на второ место зад Манчестер Сити, кој има ист актив, но е со подобра гол разлика.

Видео извештај од натпреварот може да погледнете ОВДЕ.

Лајкнете ја нашата Facebook страна ТУКА