Војводина успеа да ја добие драмата од над два часа во Ниш и да го освои пехарот во купот на Србија со победа на пенали против Партизан.

Партизан приреди вистински подвиг и со два гола во последните 15-на минути анулираше негатива од 0:2 против Војводина за која головите ги постигнаа Вукадиновиќ и на Бојиќ, стаса до 2:2 во регуларниот дел од финалето на купот и сега е фаворит за победа во продолженијата.

Страхиња Павловиќ беше јунакот на Партизан и тој го постигна голот за израмнување во 96. минута, откако фаворитот беше на прагот на пораз. Стоперот на црно-белите постигна фантастичен гол со ножички.

Во продолженијата од 30 минути немаше гол, па се изведуваа пенали. Војводина ги погоди сите четири удари од белата точка, Гемовиќ дури имаше и храброст да изведе и Паненка, а Партизан промаши двапати, по што трофејот патува за Нови Сад.

Ова е втор триумф на Војводина во српскиот куп во осмото финале.