Вејн Руни има постигнато над 300 голови во кариерата и е еден од најдобрите стрелци во историјата на англискиот фудбал, а дека се уште знае да постигнува прекрасни погодоци потврди и вечерва.

На 34-годишна возраст дојде во Дерби каунти за да му помогне да се пласира во Премиерлигата и со голови го влече клубот кон бараж зоната.

Руни е вистински мајстор за слободни удари, а токму против Престон докажа дека се уште ја има магијата. Во 18. минута доби шанса да бие од прекин и тоа го стори велемајсторски, погодувајќи го аголот оф голот што за Престон го бранеше Руд.