Борусија Менхенгладбах го совлада со 3:1 Штутгарт како домакин во дуелот од 13-тото коло на Бундеслигата. Џонас Хофман, Маркос Турам и резервата Патрик Херман беа прецизни за домаќините, а за Штутгарт единствениот гол го постигна Тиаго Томаш.

На табелата денешните домакини се искачија за цели пет позиции напред и веќе го завземаат 7-то место со 19 бода, колку има и РБ Лајпциг. Штутгарт е непосредно над зоната за испаѓање со 11 бода.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА