Во 1986-та година репрезентацијата на Аргентина стана Светски шампион по втор пат во својата историја. 

“Гаучосите” не беа сметани за фаворит пред стартот на Мундијалот, но тие го имаа Диего Марадона, нешто што промени се. 

Аргентина постигна вкупно 14 гола, а Марадона учествуваше во 10 од нив – 5 гола и 5 асистенции. 

Тој ја освои и “Златната топка” на турнирот, откако “гаучосите” во финалето ја совладаа Западна Германија со 3:2. 

Многу специјалисти сметаат дека индивидуалните представи на Марадона се едни од најдобрите во историјата на големите натпреварувања.