Барселона успеа да го победи Ваљадолид со 1:0, со голот на Артуро Видал по асистенција на Лионел Меси и да остане во трка за шампионската титула.

Но натпреварот против Ваљадолид го одбележа Антоан Гризман, кој се посрамоти, промашувајќи од невозможна позиција.

Францускиот напаѓач доби топка во шеснаесетникот и беше осамен пред голот, шутираше од прва, но лошо ја зафати топката…