Многу грозни сцени видоа гледачите на дуелот од турската Прва лига меѓу Гозтепе и Алтај. Дуелот беше прекинат во 19-та минута по големи нереди на трибините.

Навивачите на гостите од Алтај започнаа да стрелаат со ракети кон секторот со домашни натпррвари, а еден од фановите на Гозтепе беше удрен во главата. Веднаш на теренот пристигнаа возила на брзата помош, за да биде укажана помош на повредените фанови. Дел од играчите на Алтај ги зобиколија лекарските екипи, додека тие им укажуваа помош на настраданите.

Потоа на теренот влезе навивач на Гозтепе, кој започна да го удира си корнер знаменце голманот на гостите Озан Еврим Јозенч. Дел од играчите и тренерите успеаа да го фатат навивачот на домакините, кој го удри неколку пати фудбалерот на Алтај. 

Според медиумите во Турција, навивачот бил уапсен, а голманот е транспортиран во болница.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА