Тимот на Баерн Минхен славеше над Баер Леверкузен со резултат 4:2, тоа беше 9-ата победа по ред на избраниците на Ханзи Флик

Мечот започна многу добро за домакините, кои поведоа со гол на Лукас Аларио (9′), но уште до одморот Баерн реши се во своја полза со головите на Кингли Коман (28′), Леон Горетцка (42′) и Серж Гнабри (45’+1′).

По одморот Роберт Левандовски (65′) го оформи конечниот резултат со 30-тиот гол во Бундеслигата сезонава и 44-тиот во сите натпреварувања сезонава. Така Полјакот го подобри рекордот за најмногу постигнати голови во рамките на една сезона.

Останати резултати:

ЛајпцигПадерборн 1-1, Ајнтрахт ФранкфуртМајнц 0-2, Фортуна ДизелдорфХофенхајм 2-2.