Баерн Минхен ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:1 во дербито на 31-то коло во германската Бундеслига, играно на стадионот “Алијанц Арена”.

Шампионите го отворија резултатот во 26-ата минута преку младиот напаѓач Џошуа Циркзее, кој ја искористи грешкат на голманот Јан Зомер.

Десетина минути потоа гостите стигнаа до заслужено израмнување на резултатот, кога Бенџамин Павар си постигна автогол.

Во второто полувреме Баерн во 86-ата минута сепак успеа да си ја врати предноста. Леон Горецка доби употреблива топка од Павар и не погреши.

Така Баерн Минхен собра 73 бодови на врвот и продолжува да води со цели седум бодови пред Борусија Дортмунд само три кола пред крајот на сезоната. Гладбах е четврти на табелата со 56 бодови.

Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах 2:1

1:0 Џошуа Циркзее – 26′
1:1 Бенџамен Павар – 37′, автогол
2:1 Леон Горецка – 86′