Баерн Минхен славеше над Вердер Бремен со резултат 6:1 во натпревар од 14-тото коло на германската Прва Бундеслига.

Домакините поведоа во 6-та минута преку Џамал Мусиала, но Јонг израмни во 10-та. Во 18-ата Чупо-Мотинг промаши пенал за баварците, но Гнабри во 22-та постигна втор гол за играчите на Јулијан Нагелсман.

Горецка во 26-та зголеми на 3:1, а Гнабри во 28-та постигна четврти гол за својот тим. Гнабри во 82-та го оформи својот хеттрик, а младиот Матис Тел во 84-та ги постави конечните 6:1.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА