Баерн Минхен ја заврши сезоната со стил, совладувајќи го Волфсбург со 4:0 како гостин во меч од последното 34-то коло на германската Бундеслига.

Момците на Ханзи Флик одиграа многу солидно прво полувреме. Уште во четвртата минута Кингсли Коман ги донесе баварците во предност, откако Томас Милер ја запиша рекордната 21-та асистенција во сезоната.

Во 37-ата минута Микаел Кузанс го постигна првиот првенствен гол.

По паузата Баерн продолжи да ја контролира играта. Гилавоги беше избркан заради два жолти картони за само пет минути, а Левандовски вов 72-ата минута реализираше пенал. Малку потоа и Томас Милер се запиша на листата на стрелците.

Извештајот од мечот и головите можете да ги погледнете ОВДЕ.

Баерн ја заврши сезоната со 13 победи по ред, 82 бода (со 13 повеќе од вицешампионот Борусија Дортмунд) и гол разлика 100:32. Волфсбург финишираше седми со 49 бода.

Така баварците останаа на еден погодок од гол рекордот (101 во сезоната 1971/72) на клубот пред близу половина век.