Атлетико Мадрид славеше над жилавиот Ваљадолид во меч од 30-тото коло на Ла Лига. Избраниците на Диего Симеоне имаа надмоќ во текот на целиот меч, но стигнаа до победата по потешкиот начин. Одбраната беше како и секогаш на висина назадачата, но недостасуваа чисти шанси.

Во 70-тата минута Диего Коста постига гол, но тој беше поништен заради офсајд.

Сепак во 81-ата минута „јорганџиите“ најпосле поведоа. Со третиот гол во сезоната Витоло со глава донесе три бода. Ударот беше исчистен од голлинијата, но по разгледување со ВАР, беше потврдено, дека топката со целиот обем ја преминала гол линијата.

Со овие 3 бода домакините се израмнија со третата Севиља, која има 52 бода. Ваљадолид е на 15 место со 33.