Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец на погодок за Лидс Јунајтед во победата од 3:0 над Фулам во Чемпионшип.
Лидс е лидер со 74 бода, осум повеќе од третопласираниот тим на Брентфорд. Првите две екипи одат во англиската фудбалска елита.
Алиоски беше прецизен во 56-тата минута за водство од 2:0, а влезе во игра во второто полувреме.
Првиот гол за Лидс Јунајтед го постигна Патрик Бамфорд, а конечните 3:0 ги постави Џек Харисон.