РомаПарма 2-1, АталантаСампдорија 2-0, БолоњаСасуоло 1-2 и ТориноБреша 3-1, се резултатите од вечерашните дуели во италијанската Серија А.

Римската Волчица до новите три бода кои ја носат во Лига Европа, дојде со пресврт откако гостите поведоа со 1-0.

Најефикасниот тим во Италија, Аталанта, во финишот го скрши отпорот на Сампдорија која засега, донекаде е безбедна, но не и сигурна за опстанок. Тимот од Бергамо со новата победа се искачи на трето место и има само два бода помалку од вториот Лацио.

Победа со пресврт и тоа по негатива на полувреме оствари Торино против загрозената Бреша која сега е блиску до испаѓање. Сасуоло е во серија од три победи по ред, но уште се далеку од местата кои водат на европска сцена.