Бившиот фудбалер на Реал Мадрид и Интер, Весли Снајдер откри дека и тој можел да го стигне нивото на Меси и Роналдо, но едноставно не го сакал тоа. 

“Можев да бидам како Меси или Роналдо, но едноставно не го сакав тоа. Јас се насладувам на животот. Во една вечер пиев по едно шише и тоа беа деталите, кои ја направија разликата.” 

“Лео и Кристијано се различни. Тие направиле многу жртви. И покрај тоа мојата кариера беше одлична”, искоментира Снајдер. 

Снајдер ги освоил првенствата на Холандија, Шпанија, Италија и Турција со Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај. Со “нероаѕурите” ја освои и Лигата на шампионите заедно со нашиот Горан Пандев