Вердер Бремен постигна многу важна победа во битката за опстанок во Бундеслигата, откако го победи Шалке 04 со 1:0 како гостин во меч од 29-то коло на првенството. “Бременските музиканти” славеа на гостувањето кај Фрајбург со истиот резултат минатата сабота, а сега направија уште еден важен чекор кон опстанокот во Бундеслигата.


На “Фелтинс Арена” гостите имаа поголем посед и успеаа да поведат во 32-та минута преку Леонардо Битенкур. По одморот “кралскосините” притиснаа, но беа неефективни, и го завршија мечот со шест непрецизни удари од вкупно седум, исправени кон противничкиот гол. На крај играчите на Вердер ја задржаа предноста и додадоа три бода на своето конто, но остануваат во зоната на испаѓање со 25 бода, но веќе се само на три бода од местата кои носат опстанок.

Црната серија на Шалке продолжи и тимот ја запиша четвртиот порз по ред и вкупно 11-ти меч без победа во Бундеслигата, а работата на тренерот Давид Вагнер е доведена во прашање. Тимот од Гелзенкирхен е на 10-тото место на табелата со 37 бодови.

Останати резултати:
Херта – Аугсбург 2:0
Мајнц – Хофенхајм 0:1
Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:2.