На состанокот на кој УЕФА донесе решение да ги одложи по втор пат плејофите за европското првенство во фудбал, бидејќи си постави како приоритет да се завршат на клупските шампионати, како и Лигата на шампионите и Лига Европа, беше донесена и одлука која оди во корист на нашиот најтрофеен клуб, ФК Вардар.

УЕФА донесе одлука за замрзнување финансискиот фер-плеј, кој беше услов за добивање лиценца за настап во евро куповите, поради пандемијата на COVID – 19 која во изминатиов период ја намали вредноста на клубовите, но и на самите фудбалери.

Со тоа Вардар, кој минатата сезона беше санкциониран и не играше во евро куповите токму бидејќи лиценца поради неисполнување на условите од финансискиот фер-плеј, може да се надева на европски настапи престојното лето.