Рафаел Варан ќе отсуствува од терените 2-3 недели.

Оваа информација ја објавија од Манчестер Јунајтед во официјално соопштение.

Варан заработи повреда за време на финалето во Лигата на нациите со Шпанија, на кое со 2:1 славеа „петлите“.

Бившиот дефанзивец на Реал Мадрид беше заменет принудно малку пред одморот, а на Островот не запреа шпекулациите за тоа колку време ќе трае неговото опоравување, бидејки повреден е и неговиот партнер во одбраната Хари Мегваер.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА