Макси Гомес беше во офсајд и тоа за неколку милиметри, па водечкиот гол на Валенсија против Реал Мадрид е поништен и тоа по проверка на спорната ситуација со помош на ВАР системот.

Гомес ја допре топката во 21. минута, а потоа Родриго Морено ја затресе мрежата на Тибо Куртоа, но попусто. Офсајдот беше мининален, но одлуката на судијата Санчес беше исправна. Главниот арбитар одлучи сам да ја провери спорната ситуација со помош на ВАР системот и го п-оништи голот на гостите.

Целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.