Уште едно засилување од првата лига за ФК Пелистер е Бурхан Мустафов.

Тоа е искусниот прволигашки играч а потекнува од школата на ФК Пелистер.

Тој доаѓа од прволигашот ФК Ренова а има настапувано за ФК Победа , ФК Струга Тримлум, Силекс а има и меѓународна кариера во Албанија за прволигашот ФК Теута.

Овие денови се очекуваат потписи и на други играчи кој сметаме дека ќе го засилат тимот за побрзо враќање во Првата лига.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА