Според авторитетниот германски сајт Bild.de, Бундеслигата ќе продолжи на 9-ти мај.
Ова беше објавено од премиерот на јужната германска провинција Баварија Маркус Содер.
Сезоната ќе биде завршена до 30-ти јуни.
“Со новата концепција на федерацијата, мечевите можат да продолжат. Важно е ризикот од распространување на заразата да биде минимизиран. Од 9 мај тоа ќе биде возможно, но мечевите ќе се играат без публика”, изјави министерот за здравство на Германија Јенс Спан.
Во Германија ги предупредуваат и фановите да не се собираат пред стадионите, за да е возможно мечевите да се одржат.
“Нашата работа е да ја оправдаме довербата. Сите играчи и сите клубови треба да се вклучат. Се зависи од хигиенските навики и односот на сите кон личниот живот. Треба да сме дисцилинирани”, изјави шефот на лигата Кристијан Зајферт.