Техничкиот директор на Бугарскиот Фудбалски Сојуз, Георги Иванов даде скандалозна изјава за време на средба со претставници на детско-младинските тимови од областите Монтана, Видин и Враца. Пред нив и медиумите тој изјави, дека додека е шеф во бугарската централа, нема да дозвожи во бугарскиот национален тим играчи со друга боја на кожата или странски пасош.

‘Во бугарската репрезентација треба да играат само Бугари. Додека сум директор на националните тимови странски играч, со странски пасош, со друга боја на кожата нема да игра во бугарскиот национален тим. Достоинство за сите Бугари е да играат за националниот тим, ако не можат, тоа е шамар нас. Не сакам фудбалери од други држави да ги заменуваат бугарските. Во некои држави тоа можеби го има, но за мене е лоша пракса”, изјави Гонзо.

Лајкнете на нашата страна на Facebook ТУКА