Фудбалерите, стручниот штаб и членовите на раководството на ФК Брегалница денеска ги реализираа неопходните тестови на Ковид-19, пред продолжување на тренажниот процес за крај на фудбалската сезона во нашава земја.

Фк Брегалница е во очекување на полуфиналето од Купот на Македонија.

„Благодарност до Синдикатот на фудбалери и Аџибаден Систина за реализираните тестови, како начин за превентива од Ковид-19. Брегалница максимално го почитува протоколот зацртан од Фудбалската федерација на Македонија, со максимална одговорност и на секој поединец за почитување на превентивните мерки. Тренинзите во помали групи почнуваат веќе од утре“ – вели Извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев за макфудбал.