Софискиот апелациски суд го пушти во домашен притвор  братот на фудбалската ѕвезда Димитар Бербатов – Асен, обвинет за продавање на наркотици објави Pirinsprot.com.

Тој беше во затвор од почетокот на март откако житал на Благоевград беше фатен со 1,7 грама кокаин и посочил дека ја купил дрогата од Бербатов.

Неколку часа подоцна братот на познатиот фудбалер бил уапсен во колата на својата девојка, а при претресот бил откриен околу 1 грам кокаин и 2,4 грама канабис во чантата на девојката.

Пред судот Бербатов објаснил дека канабисот е негов и дека ја ставил во чантата на девојката без таа да знае.

Девојката е пуштена на слобода, без никаква мерка за претпазливост, а Бербатов остана во затвор. Пред неколку дена тој вложил молба за ослободување заради здравствен проблем.

По извршена медицинска експертиза, апелационите судии го ослободиле и сега се наоѓа во домашен притвор.

 Досега Бербатов неколку пати имал прблеми со продажба на наркотици а во 2015-та година  беше осуден и на три години затвор  кои никогаш не ги  истрпе поради огромното влијание на Димитар Бербатов.