Славко Петровиќ, тренерот на босанскиот прволигаш, Радник од Бјелина преживела вистински хорор во близина на стадионот, а бил нападнат како што вели без причина, бидејќи не го познавал човекот од кого бил истепан.

„Се се одигра набрзина, као на филм. Ми впери пиштол и ме удираше со него во пределот на бубрезите. Потоа со тупаници ме удираше по главата, а кога се обидов да го смирам ми возврати дека јас сум никој и ништо и не смеам да го бркам од стадионот. За среќа брзо дојде полиција и го уапси блиску до местото каде ме нападна. Ми кажаа дека бил пијан, но се уште не знам зошто ме нападна, бидејќи не го познавам“, изјави Петровиќ.

Тренерот на Радник има 61 година, а нападот е потврден и од околните камери што ги има на Градскиот стадион во Бјелина.

Босна и Херцеговина се уште нема одредено датум кога ќе продолжи првенството и дали воопшто ќе се игра и ќе се заврши сезоната на терен.

Петровиќ солидно го преводи Радник од клупата и клубот е на шесттото место со шанси и да се избори за настап во квалификациите за Европа Лигата.