Често публикуваните информации дека Лионел Меси и купениот во текот на летото од Барселона, Антоан Гризман не се во добри односи, добија потврда. 

Според медиуите во Шпанија капитенот на каталонците и Французинот се спречкале сериозно на еден од последните тренинзи.

Конфликтот бил навистина грандиозен и тренерот Кике Сетиен со огромен напор ги смирил страстите. 

Гризман не е омилен не само кај Меси, туку и кај Луис Суарес – Канибалот, кои сакаат во тимот да се врати нивниот пријател Нејмар.

Гризман одамна е поврзуван со Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои беа поготовени да го купат уште додека тој ги бранеше боите на Атлетико Мадрид.