Бившиот репрезентативец на Бугарија, Благој Георгиев ги искоментира прв пат информациите дека води преговори за купување на нашиот најтрофеен клуб, ФК Вардар. Тој објасни дека откако македонските медиуми ја објавиле веста за неговата заинтересираност, тој станал обејкт на подмолни дејствија.

„Тимот има потенцијал да постигне големи нешта, но не сакам да зборувам за нешто, кое уште не се случило. Пред неколку дена излезе веста за Вардар и веќе започнав да слушам лоши нешта и да се обидуваат да ме попречат во идејата. Затоа не сакам да ја коментирам таа тема во моментов“, изјави Благој Георгиев за „Телеграф“.

Благој Георгиев беше во Скопје како представник на моќен странски конзорциум, кој сака да го спаси клубот од финансиски колапс. Георгиев дури бил во ФФМ, за да ги дознае варијантите за добивање на лиценца за учество на Вардар во Европа.