Сензационално сценарио како за филм, кое сепак е вистина: бивш фудбалер на Шалке “воскресна” четири години по својата “смрт”.

Поранешниот соиграч на Мануел Нојер и Бенедикт Ховедес, Јаник Камба е откриен жив и здрав во Гелзенкирхен.

Неговата смрт била лажирана заради осигурителна измама. Во моментов тој работи во фирма во областа на енергетиката.

Камба, кој е татко на 12-годишно момче, беше прогласен за мртов на 8 јануари 2016 година по сообраќајна несреќа во Конго. Тогаш неговите клупски клеги лееа солзи, по дознавањето на “трагичната вест”.

Неговата сопруга ги доставила сите документи на осигурителната компанија и сега против неа се води истрага за измама.

Камба е дете на Шалке, и игра само за вториот тим на клубот. Потоа десниот бек, кој е роден на 30 јули 1986 година, игра во долните дивизии на Германија. “Смртта” го стигнува како играч на Холс.