Бившиот тренер од школата на Барселона Жерард Лопез го искоментира евентуалното враќање на Нејмар на “Ноу Камп”.

Бразилецот ги напушти “каталонците” и замина во ПСЖ за 222 милиони евра, а во Барса пристигнаа играчи како Осман Дембеле и Филипе Кутињо, кои не успеаа да си обезбедат место во првиот состав. 

“Бартомеу потоши 400 милиони евра, за да го замени Нејмар, а сега го сака назад. Не треба да заборавиме дела Нејмар му недостасува на тимот во моментов.”

“Мислам дека до 2021 година Бартомеу ќе пробува да спасува животи и да го отргнува вниманието”, додаде Лопез.

Лопез уште смета дека што и да направи Бартомеу ќе ги загуби престојните претседателски избори.