Бившиот напаѓач на Барселона, Кристоф Дугари даде контроверзен коментар за односите меѓу Антоан Гризман и Лео Меси. 

“Од што се плаши Гризман?  Од едно дете, кое има 1.50 м. и е половина аутист? Антоан треба да покаже ј*јца. Една година се коментира дека тој има проблем со Меси. Треба да го исшамара по лицето. Точно е дека Меси може да му дава повеќе пасови, но чесно кажано тоа не ме изненадува.” 

“Гризман ја губи топката и игра исплашено. Тој треба да зборува со Меси и двајцата да го решат проблемот.” 

Дугари го коментираше и ремито на “каталонците” против Атлетико Мадрид и решенијата на тренерот Кике Сетиен. 

“Сетиен е добар човек, но не е на потребното ниво. Не знаеше што да прави и кого да замени. Го замени Серхио Бускетс во 85-ата минута, за да го пусшти Ансу Фати, а Гризман влезе во 90-ата. Ова не беше насочено директно против Гризман. Едноставно тој не знае како да го натера тимот да заигра, истоштен е”, заврши Дугари.