Бившиот напаѓач на Реал Мадрид, Едвин Конго, е задржан од властите во врска со операција со трговија на наркотици во Шпанија. Колумбиецот изјави за телевизијата Ел Чирингито, дека е уапсен, однесен во полиција, испрашуван и ослободен.
Конго признал дека ги познава луѓето кон кои е насочена истрагата и дека не е замешан во ништо незаконско.
Напаѓачот имаше краток престој во Реал Мадрид во 1999 година, а професионалната кариера ја започнал во Онсе Калдас.
43-годишниот Конго во својата кариера настапуваше и за Ваадолид, Леванте, Спортинг Хихо, Рекреативо Хуелва, Виторија Гимараеш и Тулуз.