Бившиот фудбалер, Роби Савиџ смета дека крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл е најпотценет фудбалер во последните 20 години. 

30-годишниот Бејл премина на “Сантијаго Бернабеу” во 2013-та година од Тотенхем, но не успеа да се докаже во составот на “белиот балет”. 

“Најпотценет фудбалер за последните 20 години? Герет Бејл во Реал Мадрид. Тој има 105 гола во сите натпреварувања, 13 трофеи и 3 гола во финалиња на Лигата на шампионите, вклучувајќи ги и прекрасните ножички против Ливерпул. Тој погоди и од пенал во едно финале.” 

“Ајде да го споредиме со Зинедин Зидан, 49 гола и 6 трофеи, прекрасниот волеј против Баер Леверкузен – му е единствениот гол во финале на ЛШ.” 

“Луис Фиго, 56 гола и 7 трофеи и големиот Роналдо, 104 гола и 3 трофеи.” 

“Бејл има повеќе голови и трофеи од тројцата.”