Англиското издание “Sun” информираше дека големите спортски настани во Велика Британија ќе останат без публика, додека не биде откриена вакцина против  COVID-19.

Според информацијата властите во Велика Британија ќе објави документ на повеќе од 40 страници, во кои детално ќе бидат опишани сите заштитни мерки. 

Се очекува уште денес официјалниот документ да биде објавен и достапен за сите.

Во моментов ова ќе важи само за Англија, но се очекува ова решение да биде превземено и во цела Европа.