Одличните игри на 22-годишниот Родриго Бетанкур во Јувентус го претворија во исклучително важен играч во селекцијата на Маурисио Сари и тој го привлече интересот на еден куп европески гиганти.

Еден од нив е Барселона, бидејќи “каталонците” во него гледаат заменик на Иван Ракитиќ и Артуро Видал, кои можат да го напуштат “Ноу Камп” во летниот преоден рок.

Проблемот за Јуве е што при евентуален трансфер неговиот бивш клуб Бока Јуниорс ќе добие половина од сумата, бидејќи има договор со кој поседува 50% од наредната продожба.

Трансферот може да стане реалност, бидејќи и Јувентус, како и другите италијански гиганти ќе имаатскратен буџет за наредната сезона.

Другите два играчи, кои Барселона ги следи се Николо Барела од Интер и Фабијан Руис од Наполи.