Еден од најдобрите играчи на Барселона, кој се поретко наоѓа место во тимот, Иван Ракитиќ е предложен од раководството на каталонците на францускиот шампион ПСЖ.

Претходно 32-годишниот хрватски репрезентативец исто беше предложен на парижани како дел од договорот со Нејмар, но тогаш самиот тој одби. Се очекува во најбрзо време да се реши дали Ракитиќ ќе донесе решение да стане дел од тимот на ПСЖ. Другиот играч кој се најде на трансферната листа е Чилеанецот Артуро Видал.

Барселона си ги осигура услугите на Миралем Пјаниќ од Јувентус, кој најверокатно ќе го окупира стартното место на средината на теренот на “Камп Ноу”, што практично значи дека тимот нема потреба од Ракитиќ и Видал. Другите сигурни стартери се Френки де Јонг и Серхио Бускетс.