Судбината на Македонија и евентуалното пласирање на Евро 2020, или како што веќе се нарекува европско 2021-а, ќе се реши дури догодина.

Виктор Манталиани, канадскиот вицепретседател на ФИФА, изјави дека нема да има ниту еден меч на национални тимови до 31 декември. За нас најважен е баражот Македонија – Косово и евентуално потоа финалниот дуел. Мечевите требаше да се играат на крајот на март, потоа беа преместени за јуни, за да “отидат” во доцна есен.

“Главен проблем за одигрувањето на мечевите е патувањето меѓу различни држави”, изјави од Ванкувер за агенција Асошиејтед Прес Манталиани, кој е претседател на КОНКАКАФ (конфедерацијата на Централна и Северна Америка).

“Завршувањето на националните првенства е приоритет на ФИФА. Септември сеуште е дел од планот за националните тимови, но се повеќе станува јасно дека сигурно ќе отпадне. Мислам дека мечевите ќе започнат во март 2021 година. Ова се однесува за сите делови на светот. Освен тоа чесно тие мечеви да бидат со публика, а во 2020 година тоа неможе се случи. Календарот ќе се згусти многу и за квалификациите за Мундијалот 2022, и за Евро 2020, и за првенствата на другите континенти”, истакна Манталиани.