Баерн Минхен ја потчини Борусија Дортмунд со 1:0 како гостин во дербито на 28-то коло во германската Бундеслига, играно на празниот “Сигнал Идуна Парк”.

Ерлинг Халанд можеше да го открие резултатот по едвај 30 секунди игра, но пред голлинијата топката беше исчистена од Џером Боатенг. Наредната шанса ја имашеБаерн, но Лукаш Пишчек му одбрани на Серж Гнабри во идентична ситуација.

Баварците сепак го нанесоа својот удар малку пред полувремето, кога Џошуа Кимих го префрли мајсторски излезениот Роман Бјорки. По одморот шампионите го контролираа мечот и заслужено издвојуваа важната победа по патот кон осмата титула по ред.

Победата му осигура на лидерот Баерн Минхен 64 бодови, додека втората Борусија Дортмунд останува со 57 бода и практично ги загуби шансите за прва сребрена салатиера од 2012 година наваму.