Дефанзивецот на Баерн Минхен Лука Ернандез изјави дека нема никакви шанси Лигата на шампионите да заврши оваа сезона. 

Како што е познато од УЕФА го одложија доигрувањето на ЛШ и Лига Европа за неопределен период заради пандемијата од коронавирус. 

Претседателот на централата Александар Чеферин изјави пред неколку дена дека двата турнира ќе се доиграат без публика во јули или август. 

“Ќе биде тешко се да се исполни – завршувањето на шампионатите и доигравањето на ЛШ и Лига Европа. Лигата на шампионите е присутна во сите држави кои се засегнати од коронавирусот.” 

“Ќе биде тешко сите страни да излезат од карантин, да бидат во изедначени услови и да може да се патува слободно во Италија, Шпанија, Англија или Франција”, искоментира Ернандез. 

“Треба да бидеме реалисти. Ќе биде невозможно да ја завршиме Лигата на шампионите. Приоритет во моментов е шампионатите да бидат завршени.”