Шампионот на Германија, Баерн Минхен денес му се врати на фудбалот и тоа со победа.

„Баварците“ гостуваат на жилавиот Унион Берлин и славеа со 0:2. Во 40-ата минута Роберт Левандовски беше прецизен од белата точка,  Бенџамин Павар ја удвои предноста на шампионите во 80-ата минута, што на крај се покажа и како конечен резултат.

Средбата се одигра без навивачи на трибините. 

Унион остана без победа во последните три меча.

„Баварците“ ја продолжија перфектната форма како по зимската пауза и се вратија на првото место.