Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунеш може да заигра во Премиерлигата.
Според Sport Witness повикувајки се на Record, 22-годишниот напаѓач го привлекол вниманието на Арсенал, кој веќе започнал работа во однос на трансферот и активно се обидува да го заинтересира самиот играч. Топчиите се неколку чекори во битката пред Њукасл и Вест Хем.
Бенфика го оценува високо својот голгетер и е подготовена да прифати евентуален трансфер, ако зборуваме за околу 80 милиони евра.
Сезонава Нунеш постигна 26 гола во 33 меча за португалскиот тим.
Лајкнете на нашата страна на Facebook ТУКА