Арсенал работи на трансферот на Олександар Зинченко од Манчестер Сити.

The Atheltic пишува, дека “граѓаните” се подготовени да го пуштат Украинецот, ако нивните финансиски барања бидат исполнети. Засега тоа не се е случило, но клубовите продолжуваат да преговараат за евентуален договор.

За Арсенал трансферот на Зинченко стана приоритет, откако клубот ја загуби битката за дефанзивецот Лисандро Мартинес, кој е пред потпис со Манчестер Јунајтед.

Освен тоа “топчиите” сеуште не се договориле со Зинченко за условите на личен договор. Украинецот работеше со сегашниот менаџер на Арсенал, Микел Артета, кој му беше асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА