Арсенал влезе во трка за потписот на големиот талент од средината на теренот и фудбалер на Еспањол, Марк Рока

Рока е незаменлив стартер во составот на тимот од Барселона, одигрувајќи 33 средби оваа сезона. Со оглед на незавидното место на табелата на Еспањол, кој се наоѓа во зоната за испаѓање, шпанските медиуми сметаат дека таленталираниот фудбалер ќе го напушти клубот во текот на летото. 

Микел Артета има високо мислење на бившиот шпански репрезентативец до 21-годишна возраст. Според информациите Еспањол веројатно ќе треба да продава играчи, за да ги намали финансиските штети од евентуално испаѓање од елитата на фудбалот во Шпанија. 

Откупната клауза на играчот е во вредност од 35 милиони фунти, но со оглед на економската криза во светскиот фудбал можно е цената да биде намалена драстично.