Арсенал сака по секоја цена да ја задржи големата ѕвезда Пијер Емерик Обамејанг и клубот засилено преговара со него за нов договор. Тоа го тврди на Twitter новинарот Никола Скира.

По последните информации “топчиите” му нудат на габонскиот ас 12 милиони евра по сезона и се надеваат дека тој ќе се согласи да препотпише со тимот.

Сегашниот договор на играчот истекува летото 2021 година.

Во сезоната 2019/20 Оба има 20 гола и една асистенција во 32 меча за Арсенал.