Следната приказна веројатно е можна само во филмовите… или во Аргентина.

Аргентинскиот талент, Лучано Кабрал излезе од долгиот престој во затворот и потпиша со култниот клуб во својата земја – Архентинос Јуниорс, од кој ја започна кариерата и легендарниот Диего Армандо Марадона.

Кабрал беше дел од тимот на Архентинос, пред да влезе во затвор за убиство, а сега потпиша нов договор со бившиот клуб по пет години зад решетките.

“Не сум убиец, не сум убил никого. Едноставно сакам да играм фудбал. И ако ми дадат можност, нема да одбијам”, кажа Кабрал.

Аржентински талант излезе от затвора и веднага подписа с първия отбор на Марадона - 2

Кабрал беше обвинет и подоцна осуден заедно со својот татко и роднина за претепување до смрт над Хуан Ариел Вилегас, кој беше најден мртов со видливи повреди на улица на 1 јануари 2017 г., вечерта на Нова година. Веднаш по откривањето на телото прво беа уапсени таткого и роднината на Лучано, како и малолетник, а потоаа и фудбалерот, кој како свидок кажа, дека го видел на местото на настанот. По судско-медицинската експертиза на патиките му е откриена крв и тој заврши во затвор.

Татко му ја превзема одговорноста за убиството и доби 18 години затвор, неговиот роднина доби осум, а Кабрал девет и пол години. Поради добро поведение тој не ја одлежа целата казна и по малку повеќе од пет години беше ослободен, а сега повторно ќе игра фудбал.

Лајкнете ја нашата страна на Facebook ТУКА