До моментов 441 фудбалери подeнелe барања за финансиска компензација во ФИФА, соопштија од централата.

89 проценти од барањата се на играчи од европски клубови, а 11 проценти се од останатиот свет.

Фудбалерите кои долго време не ги добиле платите кои им ги должеле клубовите со финансиски проблеми, имаат право да конкурираат за исплаќање на сумите од специјално создадениот фонд од ФИФА и синдикатот на фудбалерите ФИФПро.

Барања ќе се примаат до крајот на месецов, а фондот ќе работи од 1 јули.

Ова претставува шанса за фудбалерите на ФК Вардар, кој е цо финансиски проблеми, да побараат исплата од солидарниот фонд на ФИФА.