Абмициозниот второлигаш, Кораб го ангажираше централниот дефанзивец, Антонио Илиески и со новиот фудбалер се пофали на својата официјална страница на фејсбук.
Илиески има 23 години, минатата сезона играше во Тиквеш, а со раководството на Кораб се договорија за едногодишна соработка.
Илиески е прво ново име во Дебар, а претходно, тимот потпиша нови договори и со Ерсин Фетаи и Егзон Азири.