Бившиот дефанзивец на ЈувентусАндреа Барзаљи објави дека го напушта стручниот штаб на тренерот Маурицио Сари, на кој се приклучи во септември.

Барзаљи ја заврши фудбалската кариерата на крајот на минатата сезона, по што стана еден од помощниците на Сари, но сега непосредно пред продолжувањето на тренажниот процес во Серија А решил да си замине.

“Донесов тешко решение. Почувствував дека треба да поминувам повеќе време со семејството, кое ме подржуваше при професионалните ангажмани сите овие години. Едноставно блиските во моментов ми се приоритет пред другото мое семејство – Јувентус. Благодарам на сите – Претседателот, тренерот, Фабио и Павел. Тоа се личности, кои го одбележаа мојот раст како човек. Благодарам исто на сите фанови, клупски колеги и професионалци, кои го прават Јувентус да биде она, што е!”, напиша Барзаљи, и заврши со мотото на торинците – “До крај”.